Фото: МВР / Илустрација

Невремето кое го зафати регионот на село Цер попладнево, предизвика врнежи од дожд и силни електричи празнења кои предизвикаа шумски пожар на планината Лубен над кичевското село Цер.

-Дождот кој попладнево го зафати регионот на село Цер предизвика врнежи од дожд и интензивни електрични празнења кои предизвикаа шумски пожар на планината Лубен, непосредно над село Цер. Поради топлото време и долготрајната суша пожарот брзо се ширеше кон шумскиот појас. За да не дојде до негово натамошно ширење мораше брзо да се интервенира во соработка со противпожарните структури на градот – информираа жители на селото Цер кое е оддалечено околу 30 километри од Кичево.

З.А