ЈП „Стрежево” – Битола издвои над 200.000 евра или 13.000.000 денари со цел реализацијата на сите предвидени проекти на коишто работи за овозможување зголемување на наводнувани површини, намалување на загубите од вода, трајно решавање на проблемите со наводнување и создавање на услови за рентабилно земјоделско производство.
Во „Стрежево“ во тек е реализација на проект за рехабилитација на Главниот цевковод СР 11 (Бистрица – Егри), замена на дотраени цевки фи-500 mm со нови дуктилни цевки фи- 600 мм на траса од 600 м во атарот на село Егри.
– Со имплементацијата на овој проект и воспоставувањето на примарна инсталација ќе се придонесе да се подобри ефикасноста при користењето на водите, порамномерна распределба на водните ресурси, односно ќе се воведе парцијално исклучување во случај на дефект на цевковод со што ќе го добиеме посакуваниот ефект – економичност, користење, функционирање и одржување на хидросистемот „Стрежево”, како и воспоставување на услови за поуспешно стопанисување во целост – вели директорот на ЈП „Стрежево“, Менде Граматковски.
М.М.