Фото: Зоран Антоски

Со воена свеченост припадниците на четвртиот механизиран пешадиски батаљон, денес во касарната „Чеде Филипоски-Даме“ во Кичево го одбележаа 21 мај, Денот на единицата. Во текот на свеченоста со пригодни говори и частитања на празникот, се обратија командантот на четвртиот механизиран пешадиски батаљон потполковник, Горан Трајаноски.

-Ми претставува особена чест и задоволство да ви се обратам Вам кои со вашето присуство не удостоивте и збогативте оваа свеченост. Овој ден е од особено значење за нас присутните и за сите припадници на четвртиот механизиран пешадиски батаљон-рече командантот Трајаноски и во продолжение се наврати на времето од НОВ и воените дејствија од тој период, а потоа ги истакна задачите и обврските во кои оваа единица е ангажирана.

Фото: Зоран Антоски

Командантот Трајановски истакна дека во изминатиот период единицата покрај својата основна мисија, беше дополнително ангажирана и, тоа во спречување на нелегални минувања и неконтролирано движење од страна на мигрантите во поширокиот регион од јужната граница а, кое е од посебно значење за безбедноста на нашата татковина.

-Секогаш и секаде во зоната на одговорност активно сме учествувале со помош и асистенција на месното население и цивилните структури. Нашата единица не ја изостави и хуманоста и по повод Денот на единицата, во соработка со Црвениот крст и одделот за трансфузиологија се реализираше доброволно дарување на крв и каде беа собрани 91 крвни единици. Во соработка со локалната самоуправа на градот Кичево и средношколските училишта „Мирко Милески“ и „Дрита“ се реализира акцијата против аерозагадување кога беа засадени 85 садници на дрвца-додаде командантот Трајаноски и најави нови активности на оваа единица.

Командантот на 4-от МПБ, Трајаноски, истакна дека отпочнати се веќе подготовки за активно учество со дел од персоналот на вежбата „Одлучен удар“, која ќе се реализира на армискиот полигон во Криволак. Во наредниот период претстои подготовка и реализација на вежбата „Strike Back“ која ќе се одржи наредниот месец во Република Бугарија. 

Фото: Зоран Антоски

Потоа присутните на свеченоста ги поздрави и командантот на првата механизирана пешадиска бригада, полковник Драган Ковачки.

-Горд сум што денеска заедно со вас го одбележуваме 21 мај-Денот на четвртиот механизиран пешадиски батаљон. На овој ден со транформацијата на АРМ во 2012 година е формиран 4.мпб со сегашната формациска структура. На овој ден сме должни да се присетиме на генерациите пред нас и на пранешните припадници на единицата, кои ги трасираа патот и ни го оставија правото да живееме во мир и слобода –рече меѓу другото командантот, полковник Драган Ковачки.

Потоа за присутните на свеченоста беше организиран тактичко–техички збор и беше извршено дефиле на вооружувањето со кое располага единицата, a беа доделени стимулативни мерки на најистакнатите поединци во бараљонот и прогласен најдобриот вод.

Зоран Антоски