МКЦ Битола деновиве го организира меѓународниот волонтерски камп „Битола
отворен град“.

– Домаќини сме на 15 волонтери од пет земји од Западен Балкан. Интеркултурното учење, растот и развојот на младите во креативна и ангажирана средина се основни
карактеристики на кампот. Самиот камп промовира соработка, помирување и надминување на етничката дистанца помеѓу младите од Балканот. Волонтерите ќе бидат вклучени во логистичка и техничка поддршка на настаните на фестивалот, во промотивни активности на терен, како и во поддршка на уметниците кои ќе бидат присутни на фестивалот – наведува организаторот.

Кампот е со поддршка на Регионалната канцеларија за младинска соработка РИКО
во рамките на регионалната програма за размена на волонтери „ПАТ Западен Балкан 6“ финансирана од Министерството за надворешни работи на Норвешка. М.М.