На објавениот Јавен повик за проектирање и изградба на фотонапонска електрана од 10 мегавати на поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“, понудите ќе се прибираат до 10 мај. Ќе биде избран најповолниот понудувач, според процедурата на Европската банка за обнова и развој која обезбеди 5,9 милиони евра за изградба на првата фотонапонска централа. Со дел од средствата во изграбата на електраната се вклучи и АД ЕЛЕМ како кофинансиер.

Инаку новата фотонапонска централа ќе се протега на површина од 15 хектари на поранешниот рудник за јаглед „Осломеј“, која површина претходно треба да се рекултивира. Новата електрана ќе биде завршена до почетокот од наредната година, а ќе произведува 15 гигават часови електрична струја, доволна за еден помал град со 2.000 домаќинства.

Компаниите кои имаат претходно искуство со ваков тип на електроенергетски капацитети, се целосно подготвени да одговарат на потребите.

– За изградба на најавените фотонапонски централи, формираме групација на дизајнери, монтажери и производители на фотонапонски електрани со име ПИВИМАК , која ја сочинуваат 8 компании . Оваа групација ќе биде подготвена и екипирана целосно да одговори на потребите за изградба на овие фотоволтаичи електрани, кои ќе се градат на повеќе локации во земјава –истакна Звонко Маркоски, експерт за фотоволтаици и дел од оваа групација.

З.А.