Околу педесет ученици од гимназијата „Здравко Чочковски“ од Дебар учествуваа на тринаесеттата медиумска лабораторија што ја организираа Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“.
На двочасовната активна работилница учениците се запознаа со основите на новинарството, техниките за пишување на новинарска вест, а се дискутираше и за новинарските професионални стандарди во Македонија.
Оваа предавање го одржаа Алаксандра Теменугова од Високата школа и Марјан Велевски уредник во „Нова Македонија“, со цел да се подигне медиумската писменост во средното образование што се реализира во рамки на проектот „Коалиција за медиумска писменост“, финансиран од ЕУ .