Фото: Принтскрин/Фејсбук-видео

Министерот за здравство Илир Демири денеска соопшти дека е разрешен медицинскиот директор на Клиниката за кадриохириргија д-р Марјан Шокаровски. Разрешена е и раководителката на Програмата за превенција од кардиоваксуларни заболувања Александра Ефтимова.

На прес-конференција, Демири рече дека по информациите за поголема смртност на оваа клиника, формирана е комисија и во извештајот што го добил во петокот немало некои позначајни остапувања, но денес добил податок дека 170 пациенти не се регуларно внесени во „Мој термин“.

– До мене стигнаа наоди дека е зголемена смртноста на клиниката. Формирав Комисија и извештајот го добив во петокот и немаше никакви значајни отскокнувања. Но, денеска добив друг податок, дека за 170 пациенти не се поднесени информации во „Мој термин“ во однос на отпусни писма и умреници, така што претпоставувам дека таа бројка на смртност може да се промени – рече Демири.

Шокаровски, како што посочи министерот, е разрешен и поради нарушени меѓучовечки односи на Клиниката.

– Во една таква врвна институција се недозволиви такви нарушувања на меѓучовечките односи. Бидејќи сум министер во заминување сакав ова да го одложам и постапка да спроведе следниот министер или јас доколку продолжам да министерувам. Таму директор треба да биде назачен некој кој е од надвор – рече Демири.

Шокаровски беше назначен за нов директор откако претходниот министер Фатмир Меџити го разреши долгогодишниот директор на Кардиохирургија, Сашко Јовев.

Во Македонија се одвојуваат средства од буџетот со програма за превенција на кардиоваскуларни заболувања, за експерти кои имаат дневница по 700 евра. Јас побарав извештај од Александра Ефтимова која ја води програмата и и таа е разрешена затоа што не даваат информации кои се тие експерти кои доаѓаат, наводно од Република Србија. Ако државата плаќа толку пари зошто да има таква смртност? – прашува министерот.