Навивачите на Пирин од Благоевград побараа од раководството на клубот да го откаже пријателскиот натпревар против Скопје, и барањето им е прифатено.
Навивачите на Пирин велат дека во Македонија се врши репресија врз нивниот народ, тие бараа да не играат со Македонци, велат дека за нашата земја треба само вето, санкции и целосно игнорирање.
– За нас е неприфатливо да играме пријателски меч со Скопје поради неодаманешните настани во РСМ. Ширењето омраза кон Бугарија, бугарскиот народ и народот со бугарска самосвест мора да има свои последици. Нашите браќа од западот мора да разберат дека Бугарија и Бугарите не им се непријатели. Како и да е, подмолното и лицемерно однесување на граѓаните и институциите во Македонија мора да се санкционира. Токму затоа, ние навивачите на Пирн застануваме зад Бугарите во РСМ како знак на солидарност и со оглед на репресијата која тие ја трпат, инсистираме на откажување на контролниот натпревар. Вето, санкции и комплетно игнорирање додека не научат да не почитуваат – се вели во соопштението на навивачите.
Управата на ФК Пирин го прифати барањето на фановите и го откажа натпреварот против Скопје.