Фото: ЕПА

Плата од 10.000 евра, пензија 1.750 евра, дневници, бесплатно службено возило, надомест од 20.150 евра…

Лобирањето, кавгите, заканите и предавствата често се увертира за изборите за Европскиот парламент. Главната причина за тоа се пред сѐ високите материјални права на членовите на Европскиот парламент, а влезот може да го обезбеди човек доживотно. Платата е само дел од надоместокот. Пратениците имаат право да финансираат канцелариски трошоци во матичната држава, дневници, патни трошоци, платени патарини, еднократна готовинска исплата на крајот на мандатот и дополнителна пензија.
Така, денес бруто-платата на пратеник во ЕУ е 10.075 евра месечно, односно околу 7.850 евра нето. Ова се финансира од буџетот на парламентот, односно од буџетот на ЕУ. Дополнително, секој претставник има право на 4.950 евра месечно за плаќање канцелариски трошоци во матичната државата, што се однесува на трошоците за кирија, опрема и вработените во таа канцеларија.
За секој ден што претставник ќе го помине во Европскиот парламент му се исплаќаат по 350 евра дневница за сместување, храна и други трошоци. Овие други трошоци не го вклучуваат автомобилот, бидејќи е обезбедено бесплатно користење на службеното возило.
Патните трошоци се исто така значителни. Службените патни трошоци се покриваат до одредено ниво според поминати километри. За враќањето од Брисел до матичниот град имаат право на надоместок на трошоците од 343 евра или нагоре во зависност од далечината. Трошоците за патарина, багаж и резервација, исто така, ги плаќа одделно ЕУ.
Неофицијалните патувања се плаќаат и до 4.886 евра годишно. На крајот од мандатот тие имаат право на т.н „преоден надоместок“, кој е еднаков на една месечна плата годишно во која биле на функција најмногу две години. Моментално е максимум 20.150 евра.
По влегувањето во ЕУ-парламентот, пратениците повеќе не треба да се грижат ниту за пензиите, бидејќи имаат право на дополнителна пензија (покрај стандардната, која веќе ја заработиле во својата земја) во висина од 3,5 отсто од нивната плата за секоја цела година на функција и една дванаесеттина за секој нареден цел месец, но не повеќе од 70 проценти вкупно. На сегашните плати тоа изнесува околу 1.760 евра дополнителна пензија, но откако ќе наполнат 63 години.


Плата и други материјални права на претставниците во Европскиот парламент

Месечна бруто-плата – 10.075 евра
Канцелариски трошоци – 4.950 евра
Дневница – 350 евра

Патни трошоци: автомобил 0,58 евра/км, неофицијални патувања – 4.886 евра годишно, покривање на трошоци за патарини, резервации и багаж.

Надомест по завршување на мандатот – 20.150 евра
Бесплатно користење службен автомобил

Дополнителна пензија – 1.765 евра за пет години во Европскиот парламент