Швајцарските власти добија пресуда од Европскиот суд за човекови права дека во нивната држава дека не успеале да се справат со климатските промени / Фото: ЕПА

Европскиот суд за човекови права ја осуди Швајцарија поради климатска неактивност. Тоа е прва ваква и може да се рече историска одлука, која беше донесена по барање на 2.500 жени, кои го осудија „неуспехот на швајцарските власти да ги ублажат ефектите од климатските промени“

Прва пресуда на Судот од Стразбур во која е осудена една држава за климатска „неактивност“

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) никогаш досега не пресудил за одговорноста на државите во однос на дејствувањето против климатските промени. Вчера ЕСЧП донесе пресуда со која се осудува Швајцарија за кршење на Европската конвенција за човекови права, по барањето поднесено од 2.500 жени, кои го осудија „неуспехот на швајцарските власти да ги ублажат ефектите од климатските промени“, кои, според нив, имаат негативни последици по нивните услови за живот и нивното здравје.
ЕСЧП требаше да каже дали државите ја прекршиле конвенцијата, особено „правото на живот“ (член 2) и „правото на почитување на приватниот и семејниот живот“ (член 8), со тоа што не се бореле доволно против глобалното затоплување, додека во март беше забележан нов глобален врв на топлина.
Со мнозинство од шеснаесет гласа за и еден против, ЕСЧП утврди, за швајцарскиот случај, дека има повреда на правото на почитување на приватниот и семејниот живот од конвенцијата и, едногласно, повреда на членот 6 („право на правично судење“). Според тоа, ЕСЧП потврдува дека членот 8 од конвенцијата го зацврстува правото на ефективна заштита, од страна на државните органи, од сериозните штетни ефекти на климатските промени врз животот, здравјето, благосостојбата и квалитетот на животот.
Според тоа, судот смета дека здружението е овластено да преземе правни дејства во име на луѓе што би можеле да тврдат дека нивните животни услови и здравје се загрозени од климатските промени. Но за четворицата поединечни апликанти, ЕСЧП пресуди дека тие не ги исполнуваат критериумите во врска со статусот на жртвите и затоа ги прогласи нивните барања за недопуштени.
Жалбата поднесена од Демиен Карем, поранешен градоначалник на Гранде-Синт (Франција) и актуелен европратеник, беше одбиена. Тој ги нападна „недостатоците“ на француската држава, особено верувајќи дека тие претставуваат ризик од потопување на градот, на брегот на Северно Море.

– Карем не беше препознаен како жртва – рече претседателката на ЕСЧП, Сиофра О’Лири.
Во 2019 година, тој веќе, во свое име и како градоначалник, се жалеше пред Државниот совет поради климатска неактивност. Највисокиот Управен суд на Франција пресуди во корист на општината, но го отфрли нејзиното поединечно барање, што доведе таа да го предаде предметот до ЕСЧП.
– Да го видам мојот град потопен за триесет години е неподносливо – велеше Карем, објаснувајќи дека сака „да стави крај на летаргијата“ и „одбивањето на државата да дејствува“.
Ист исход имаше за третиот случај поддржан од колектив од шест Португалци на возраст од 12 до 24 години, мобилизирани по страшните пожари што ја опустошија нивната земја во 2017 година. Нивното барање беше насочено против нивната земја и против другите држави на Европската Унија, како и Норвешка, Швајцарија, Турција, Обединетото Кралство и Русија – вкупно триесет и две земји.
– Бидејќи жалителите не ги исцрпиле правните лекови достапни во Португалија, нивните барања не ги исполнуваат условите за прифатливост – објасни О’Лири, донесувајќи ја оваа одлука во Стразбур.
Дали битката за климата може да се добие на суд
наместо преку политиката

Одговорот ќе го дознаеме многу брзо, бидејќи токму во Стразбур, Европскиот суд за човекови права кажа дали државите се доволно одговорни пред климатските промени…
Прва пресуда од ваков вид! Таму менуваме вага, веќе не сме пред домашните управни судови. Станува збор за три случаи за кои се решаваше истиот ден: жалба на швајцарски пензионери (загрижени за своето здравје), уште еден поднесен од шест млади Португалци по страшните пожари во 2017 година, а потоа француска жалба, онаа на поранешниот градоначалник на Гранде-Синт, Демиен Карем, кој напаѓа за ризиците од потопување на неговиот град што би ги предизвикала државата, поради нејзиниот недостиг од акција.
Она што е ново, е климатското проширување на заштитата на човековите права! Со дедукција: бидејќи Европската конвенција го гарантира правото на живот и на приватен и семеен живот (членови 2 и 8), тогаш државите ќе имаат обврска да гарантираат здрава животна средина, погодна за развој на овие права.
Најинтересна е жалбата на младите Португалци, чија цел се 32 држави, врз основа на фактот дека јаглеродниот диоксид нема граници!
Освен што на политички план атмосферата е сменета по големите климатски маршеви. Темата останува во срцето на грижите, но секогаш кога ќе се појави ново ограничување, хоп, храброст е да бегаме, голем дел од политичката класа плаче дека тоа е политика на „казни“! Политичарите повторно ќе се жалат дека судиите се тие што „владеат“ или „судиски пуч“.
Потресно е што мора да се оди низ судовите за тема што бара колективна дебата и одговор. Во Владата, на пример, на Франција се многу внимателни што ќе се случува во Стразбур… Со аргументи: зошто целата вина да ја префрламе на државите, а не на другите актери! Зошто да зборуваме за неактивност, кога Франција минатата година го намали својот јаглерод диоксид за уште 5 отсто!
Премногу е бавно? Без сомнение. Но зарем одењето со полна брзина не значи да се ставиме себеси во застој, да го нарушиме консензусот за прашање што треба да нѐ зближи сите?
Проблемот денес е што постои форма на политичка тетанија… Како да се плашеше власта да оди поискрено на екологијата, преземајќи одговорност, да ја зголеми популарноста на климатските скептици. Дали Емануел Макрон има срамна екологија? Тој тврди дека тоа е „француски стил“.
Така што ЕСЧП можеби ќе каже дека треба да направиме нешто повеќе и побрзо. Неговите пресуди нема магично да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид.
Но мора да го гледаме законот како забрзувач на промените. Поттик за државите, бидејќи тие имаат моќ да донесуваат закони, да ги ограничат најмоќните економски актери. На нивно ниво, судиите можат да бидат пречка да се движат во круг, соочени со влади што се премногу чувствителни на духот на времето, на одливот и на протокот на мислење.
А каде се екологијата и заштитата на природата во сето ова во Македонија. Ние се наоѓаме во двојна предизборна кампања и многу малку се зборува за заштитата на средината, а веќе се задушуваме во летни горештини на почетокот на пролетта, како да сме во јули. Загаденоста на воздухот не нѐ напушта во ниту еден ден од годината, несовесно употребуваме пестициди и инсектициди. Одлуката на Европскиот суд за човекови права не ја обврзува само Швајцарија туку и сите други земји членки на Советот на Европа, меѓу кои и Македонија.

Тони Гламчевски, дописник на „Нова Македонија“ од Стразбур