Фото: Маја Јаневска-Илиева

Дилемата што сѐ погласно добива на актуелност во одредени политички кругови и која се лиферува во јавноста со сѐ почести изјави и писанија од одредени политички аналитичари е дека „може да се постигне некаков напредок во надминување на блокадата што ја наметна Бугарија во процесот на почнување на преговорите за зачленување на Македонија во Европската Унија, со што побрзи чекори во насока на измени и дополнувања на македонскиот устав“.
Уште понатаму одат некои политички аналитичари, кои и лицитираат со опциите како би можело да се случи тоа. Тие во јавноста го наметнуваат ова прашање како веќе да се почнати подготовки за промена на Уставот?! Истите тие дополнително го отвораат прашањето „дали промената на Уставот ќе биде предмет на поширок меѓупартиски консензус или за тоа е потребно да се изјаснат граѓаните на референдум“

По сѐ посилните надворешни притисоци за промени во македонскиот устав заради
побрз напредок кон ЕУ

Дилемата што сѐ погласно добива на актуелност во одредени политички кругови и која се лиферува во јавноста со сѐ почести изјави и писанија од одредени политички аналитичари е дека „може да се постигне некаков напредок во надминување на блокадата што ја наметна Бугарија во процесот на отпочнување на преговорите за зачленување на Македонија во Европската Унија, со што побрзи чекори во насока на измени и дополнувања на македонскиот устав“.
Уште понатаму одат некои политички аналитичари, кои и лицитираат со опциите како би можело да се случи тоа. Тие во јавноста го наметнуваат ова прашање како веќе да се почнати подготовки за промена на Уставот?! Истите тие дополнително го отвораат прашањето „дали промената на Уставот ќе биде предмет на поширок меѓупартиски консензус или за тоа е потребно да се изјаснат граѓаните на референдум“.

Доста е со прифаќање диктати однадвор

Професорот Владо Поповски, кој учествуваше и во подготвувањето на текстот на првиот македонски устав по независноста на државата, смета дека сугестиите што доаѓаат од Бугарија се ирелевантни, односно само институциите во Македонија може да одлучат кое прашање ќе го стават на референдум, а граѓаните да се произнесат.
– Не може нешто да се прифати со диктат. Моето мислење околу промените на Уставот во однос на споменување и на бугарското малцинство во Македонија е самите граѓани што се чувствуваат како такви да се произнесат да видиме колку се. Меѓутоа, мора да се почитува и реципроцитетот и од другата страна и да се признае постоењето на Македонците во Бугарија. Јас имам и документирани сведоштва од свидетелства издадени од бугарските власти во 1968 година, каде на граѓани од Пиринска Македонија јасно им пишувало во свидетелствата дека се Македонци, а имаат бугарско државјанство. Неоправдани се тврдењата од нивна страна дека нивниот устав не признава малцинства, кога зад правата на македонското малцинство во Бугарија стојат меѓународните прописи за, па и судските пресуди од меѓународни судови за заштита на човековите права. Од претставници на нашата владата слушавме дека имале став да не се менува нашиот устав пред приемот на нашата земја вонема место во овој момент за промена на Уставот – ни изјави Поповски.
Професорката Солза Грчева смета дека за главните прашања што се однесуваат на промена на Уставот, потребно е задолжително да се изјаснат граѓаните на референдум.
– За секое отворање на Уставот, потребно е да се провери волјата на граѓаните. Со последниот референдум со кој се изјаснуваа за зачленувањето во НАТО, граѓаните беа изиграни со тоа што му се даде консултативен карактер. Се плашам дела истото тоа може да се случи и за сите следни прашања за отворање на Уставот. Затоа, пред да се пристапи кон уставни промени, треба да се назначи јасно дека секој резултат од референдумот треба да биде задолжителен за секоја актуелна власт. Не минуваат веќе политички одлуки зад затворени врати и не е доволно тоа што ќе се договори со Бугарија, само да помине низ парламентарна расправа. Нашиот парламент ја изгуби довербата кај граѓаните, поради претходните политички договарања и пазарења со пратенички гласови за промена на уставното име на државата. Единствено, правото за промени од национален карактер треба да им припадне на граѓаните преку референдумско изјаснување. Со оглед на досегашниот начин на постигнување поголем партиски консензус не очекувам дека власта ќе се обиде да ги стави овие прашања пред граѓаните и сметам дека повторно ќе биде заобиколена волјата на мнозинството граѓани – ни изјави Грчева.

Задолжителен референдум, консултативен референдум…

Во Македонија само двапати се организирал задолжителен референдум, првиот пат на 8 септември 1991 година и вториот на 7 ноември 2004 година, во врска со Законот за новата територијална поделба на РМ, кој беше неуспешен поради тоа што одзивот бил 26,58 отсто, односно не бил постигнат законскиот процент од 51 отсто одзив од вкупниот број избирачи. Собранието на 30 јули 2018 година донело одлука за распишување (консултативен) референдум на 30 септември 2018 година, а во врска со Договорот од Преспа и менувањето на уставното име на земјата, кој заврши неуспешно поради тоа што одзивот бил само 36 отсто од потребните 51 отсто од избирачите запишани во Избирачкиот список, појаснува професорката по уставно право Тања Каракамишева-Јовановска.
Како што вели таа, во Македонија (задолжителен) референдум во согласност со Уставот и Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се организира само во следниве три случаи: ако најмалку 150.000 избирачи поднесат предлог за негово распишување на тема што е од интерес на граѓаните, ако Собранието донело одлука за менување на границата на Републиката и ако Собранието усвоило одлука за стапување или истапување на Македонија од сојуз или заедница со други држави.
– Само во овие три случаи во земјата мора да се распише задолжителен референдум. Сите други случаи се подведуваат под одредбите на факултативен или консултативен референдум што нема обврзувачка сила – вели Каракамишева-Јовановска. М.Ј.