Никој апсолутно не смее и не може да преговара ниту за идентитетот, ниту за македонскиот јазик во оваа држава. Ниту сегашна ниту било која идна власт, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.
– Тоа треба да ни биде јасно на сите. И ние апсолутно идентитетот, јазикот, културата, посебноста на македонскиот народ што мора да се заштити по секој цена и нема разговори со никого, па нека биде и ЕУ во делот на нашиот јазик и нашиот идентитет. Тоа не се преговара и не може да се преговара никогаш понатаму – додава Спасовски во објавата, проследена со видеоизјава од неговото гостување во емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21.