Фото: З.А.

За вториот круг претседателски избори и за првиот круг парламентарни избори, во општина Кичево за домашно гласање се пријавиле вкупно 572 избирачи, кои поради болест или изнемоштеност не се во можност да го посетат избирачкото место.

– Во општина Кичево за домашно гласање се пријавиле вкупно 572 граѓани болни и изнемоштени .Од овој број 377 избирачи биле пријавени за домашно гласање во првиот круг, додека во вториот круг дополнително се пријавиле 195 избирачи или вкупно 572 граѓани денес ќе го искористат своето демократско право на глас. Дополнително три лица се одбиени бидејќи нивните податоци не се наоѓаат на единствениот избирачки список. На лицата кои ќе гласаат во домашни услови денес, нивните домови ќе ги посети комисија формирана за оваа цел – информира Анета Трпеска од ОИК за општина Кичево.

Таа потсети дека во првиот избирачки круг иако се пријавиле поголем број граѓани да гласаат во домашни услови сепак 26 лица од пријавените или во периодот кога ги посетила комисијата не биле во сопствениот дом или ја промениле својата одлука и не гласале. З.А.