Кирил Петков

Бугарскиот премиер Кирил Петков не доаѓа во Македонија со анекс на Договорот за добрососедство, туку со подготвеност за нов почеток насочен кон конкретните важни прашања кои го задираат секојдневието на граѓаните на двете земји, како што истакна самиот тој во интервју за МИА.

– Доаѓам со конструктивен тон и подготвеност да почнеме да работиме заедно. Немам подготвен документ, бидејќи сите тие документи немаат поента, ако не им дадеме вистинска мотивација дека мора да ја завршиме работата. Јас предлагам документите да ги оставиме како втор чекор, а прво да почнеме, за да има нешто за што ќе пишуваме во следниот документ. Тука, задачата е да направиме програма, да ги направиме работните групи, да започнеме со дијалог, да имаме чувство на меѓусебна доверба и дека од двете страни има добри намери и да си ги поставиме целите, кои што сакаме да ги постигнеме за максимално краток период – истакна Петков за МИА.

Петков доаѓа во Скопје во вторник, а неговата посета ќе соодветствува и со изборот на новата Влада во Македонија, соопштија од МНР.