Хуман гест на нашинците во Швајцарија

Македонското добротворно друштво Македонија од Ешалан, Швајцарија, одржа собрание со иницијатива за собирање средства за настраданите од Кочани. Присутните со едноминутно молчење изразија сочувство за загинатите и во воздух пуштија 60 црни балони.
Повеќе македонски здруженија од романскиот дел на Швајцарија формираа работна група за спроведување на цивилната иницијатива „За Кочани“, која повика на солидарно донирање средства за помош на семејствата на загинатите и на семејствата на повредените во националната трагедија во Кочани. Во работната група се избрани шест члена, а со цивилната иницијатива ќе претседава Николчо Јанчевски. Сметката за донации ќе биде отворена неделава, а собраните средства ќе бидат распределени транспарентно и за тоа ќе бидат информирани сите донатори.
Македонците во Швајцарија апелираат на масовно приклучување кон цивилната иницијатива „За Кочани“ заради полесно надминување на последиците од националната трагедија во Кочани. П.Р.