Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле доби дрес на македонската фудбалска репрезентација на подарок од премиерот Димитар Ковачевски, по неговото пристигнување во Скопје.
– Топло добредојде за Дерек Шоле денеска на средба во Скопје. Нашето силно стратешко партнерство со САД е од голема важност во годината која ни претстои, а која е исполнета со предизвици и кај нас, но и глобално. За овие предизвици, но и за многу други теми ќе разговараме на денешните средби – стои во фејсбук-објавата на Ковачевски.
Предвидено е Шоле и Ковачевски да разговараат за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата. Посетата на американскиот дипломат е во рамки на балканската турнеја, за време на која ќе престојува и на Косово и во Србија.