Денеска во Клуб на пратеници, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, се сретна со вработените од областа на социјалната заштита. Таа рече дека се радува што по многу години има драстично зголемување на платите на социјалните работници и останатите даватели на услуги поврзани со дејноста социјална заштита.

– Почнувајќи од јунската плата, којашто е исплатена сега, во јули, во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22 отсто, односно за 4.367 денари во нето-износ во пресек по вработен – изјави Царвоска.

Со зголемувањето, самостоен стручен работник зема за 4.316 денари повисока плата, односно нето-платата расте од 23.196 на 27.512 денари. Со пресметан минат труд за вработен со 15 години стаж, платата за ова звање изнесува 29.575 денари.