Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска на заедничка прес-конференција со заменик-претседателка Радмила Шекеринска откри дека двајацата ќе бидат носители на изборни единици.

– Се координираме со коалиционите партнери. Секако дека ќе имаме жени носители на единици, еве можам да кажам дека јас и Радмила Шекеринска ќе бидеме носители на изборни единици – рече Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Двајцата кажаа дека во секоја изборна единица ќе има по двајца носители на листи – маж и жена.
Шекеринска посочи дека за првпат донеле политички договор дека во секоја изборна единица ќе настапуваат како тандем, односно како комбинација на маж кандидат и жена кандидат, или жена кандидат и маж кандидат.

– Сакаме не само визуелно туку политички да ја испратиме пораката – потребни се сите – рече Шекеринска.