Премиерот Зоран Заев денес од Битола го повика Никола Груевски да се врати во Македонија, по неговата објава на Фејсбук во која посочи дека на моменти посакува да му помогне на сегашниот прв човек на владата.

– Да, ми треба помош. Го повикувам Груевски да се врати во државата да ми помогне. Човек може да помогне и кога ќе си ја одлежи казната затвор – изјави Заев.

Премиерот ја коментираше и средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во Будимпешта.

– Мислам дека тие се сретнаа како двајца лидери на европски народни партии. Јас верувам дека таа средба може да придонесе за зајакнување на пријателството меѓу Република Северна Македонија и Унгарија – истакна Заев.

М.М.