Александар Пајковски од „ДУНА“ истакна дека апликацијата поврзана со изборниот процес е врвно изработена и функционира најнормално, но оти страницата на ДИК била цел на хакерски напад, во изјава што ја пренесоа повеќе медиуми.

Тој додаде дека апликацијата е подготвувана поеќе од половина година со низа технички специфичности и изработена по барање на ДИК.

Пајковски тврди дека интернет-страницата на ДИК била атакувана преку т.н. софтверски тероризам со сили од повеќе странски држави.

Пријава до МВР денеска поднела Државната изборна комисија, чиј претседател Оливер Деркоски потврди дека нападот е пријавен во МВР.

Покрај падот на сајтот на ДИК и на агрегаторот на вести „Тајм“ вчера во текот на денот во траење во неколку часа паднал и сајтот на Министерството за внатрешни работи, со што Секторот за компјутерски криминал работи на откривање на причините за падот, како што пренесуваат медиумите.