Фото: Нова Македонија / илустрација

Канада е најновата во низата земји кои го ратификуваа Протоколот за членство на земјава во НАТО алијансата.

– Денес Канада со задоволство го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Се радуваме што во блиска иднина ќе и посакаме добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на алијансата – се вели во објавата на твитер-профилот на канадското министерство за надворешни работи.

Канада е 18-та земја членка на Северноатланската алијанса која го ратификуваше Протоколот, откако пред десетина дена тоа го направија Германија и Естонија.

Во меѓувреме, во тек е постапката за ратификација и во Сенатот на САД, а се очекува ратификацијата на Протколот во Вашингтон да се случи до крајот на летово.

Со ратификацијата на Протоколот од 29-те земји сојузници во Алијансата, Македонија и официјално ќе стане 30-та членка на НАТО.