После заканите на Ангел Џамбазки, вчера и денес, против отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, оштетен натписот на Клубот, реагираат од ОМО Илинден-Пирин. Практично извадена е буквата М од зборот македонски.
Ден претходно Џамбаски го критикуваше отворањето.
– Пороците се лоша работа, најмногу затоа што можат да го натераат човекот да се компромитира себе и своите вредности. Меѓутоа, некои луѓе се толку обземени од нивните пороци што се подготвени да го вратат мајчиното млеко и да плукаат по својата татковина. Такви се малкумина, но за сметка на тоа страшно досадни Македонци во Бугарија. Околу две децении плукаат по својата татковина. Се откажуваат од себе и од својата држава за некој денар од Скопје. Секако, отсекогаш сум бил на мислење дека таквите продавачи не заслужуваат внимание. Сепак, нивната следна провокација треба да предизвика вистински гнев во секое срце што ја сака Бугарија. Оваа група бедници реши да отвори клуб во Благоевград. Очигледна провокација од страна на Скопје, со цел уште еднаш да ја мобилизира малата група на луѓе што ја плаќа во Бугарија да ја предадат својата земја. Интересното е што дотичните не се откажале од државјанството на државата која според нив ги „репресира“, ниту пак покажале желба да станат државјани на Северна Македонија. Причините се јасни – напиша Џамбаски на Фејсбук.