Илустрација/Фото: Игор Бансклолиев

Дали сѐ уште кај нас важи една теорија во економијата што вели ако станбената изградба се движи напред, тогаш и целата економија оди напред. Дали изградбата на станови влече и многу други индустрии што ја снабдуваат неа, како на пример индустријата за мебел, апарати за домаќинство, потрошувачка на енергенти итн.? Имено, додека насекаде низ Македонија се гради без некој да ја гледа целосната слика и едни купуваат по два-три и повеќе станови, а други немаат ниту покрив над главата, упатените укажуваат на потребата државата конечно да почне да се занимава и со станбената политика. Тоа, вообичаено, се прави преку балансирано спроведување на финансиските, правните, просторните, социјалните и еколошките мерки и, се разбира, преку мерки што ќе помогнат сите веќе изградени станови да бидат ставени во функција, а што сега, според пописните бројки, очигледно не е случај…

Прочитајте повеќе во утрешниот број на „Нова Македонија“