фото: Маја Јаневска-Илиева

„Спектакуларно непослушни“ е мотото под кое се одржа годинешната „Парада на гордоста“ во Скопје.

Собирот почна во Жена-парк, а потоа низ улиците на централното градско подрачје со протестен марш, сѐ до стадионот на АРМ во Градски парк, каде што имаше и уметничка програма.

Организаторите велат ова е еден ден кога ЛГБТИ луѓето можат да бидат видливи, свои и автентични.

– ЛГБТ заедницата секогаш била одговорен член на ова општество, ги исполнуваме нашите обврски кон државата, но не добиваме никаков фидбек. Нашите права не се почитуваат – беа дел од пораките испратени на собирот.

Ова е петта по ред „Парада на гордоста“ што се одржува во Скопје.