Фотографијата Пензионерски разговори на авторката Татјана Петровска, аматер-фотограф, е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. Петровска, лие хоби е фотографијата е голем вљубеник во природата.
-Фотографијата ја направив во Поградец, Албанија. Ме привлекоа тројцата господа, убаво облечени со шапки, седнати на клупата во форма на лебед. Беше преубава глетка заедно со езерото и Галичица во далечина – вели Петровска.
Фотографијата е избрана од најголемата македонска фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories.
Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.