Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ и Meѓународниот штаб за помош на Украинците преку соопштение упатуваат апел за хуманитарна помош за Украина.
Пунктовите на собирање хуманитарна помош, како што посочуваат, се отворени во магацин на компанијата „Кодинг Горска” на ул.„Шарпланина“ бр. 4 во Ѓорче Петров (секој работен ден од 10 до 19 часот, во сабота од 10 до 14 часот), и во шатор на плоштадот „Македонија“ во центарот на градот (секој ден од 8 до 20 часот).