По прашањето за предвремени парлемантарни избори што го отвори премиерот Христијан Мицкоски, од опозициските СДСМ и ДУИ изјавија дека се подготвени и поорганизирани од кога било. Но, од коалицијата Вреди, која е дел од владината коалиција, сметаат дека предвремени избори би биле трошок за државата и губење време, бидејќи Владата има стабилно мнозинство.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче вчера на прес-конференција изјави дека се подготвени да одат на избори и оти во секој следен циклус на избори ќе настапуваат многу организирано и поуспешно. Според Филипче, тоа што има најава за предвремени парламентарни избори само неколку месеци по формирањето на Владата, е доказ дека на Владата не и оди најдобро.
– Нашата теренска анкета укажува дека 65 проценти од граѓаните не се задоволни од работата на Владата – изјави Филипче, најавувајќи партиски Конгрес за избор на нов централен и извршен одбор на социјалдемократите.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е дел од коалицијата Вреди, наспроти барањата на опозицијата, рече дека „од 90-тите досега немало постабилна влада и немало поголемо мнозинство од ова, што, според него, тоа било доволен коментар на иницијативата за предвремени избори.