Фото: Архива

Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за образование и наука, донесе Одлука за доделување стипендии на странски државјани, од интерес за Република Македонија.

Како што информира владината прес-служба, станува збор за предвидени 50 стипендии за странски државјани, студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров, кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети: „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид,  „Мајка Тереза“ – Скопје и Универзитетот во Тетово, во студиската 2023/2024 година.

-На предлог на Министерството за образование и наука, Владата донесе и Одлука за давање согласност на конкурсите за запишување студии од втор циклус на јавните високообразовни установи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот во Тетово, Државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во академската 2023/2024 година, а по доставување на предлозите за запишување на студенти во втор циклус на студии за академската 2023/2024 година, соопшти владината прес-скужба.

Исто така, на предлог на МОН, Владата донесе Одлука и за давање согласност на конкурсите за запишување студии од трет циклус на  универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,  „Св. Климент Охридски“ – Битола,  „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, во академската 2023/2024 година, а по доставување на предлозите од универзитетите за конкурсите за запишување студенти во трет циклус –  докторски студии, за студиската 2023/2024 година.