Фото: Влада

Делегација на Владата предводена од Драган Василевски, советник за одбрана на премиерот Димитар Ковачевски, положи цвеќе и оддаде почит пред споменикот „Мајкино скршено крило“ на плоштадот Слобода во Скопје по повод 17-годишнината од промовирање на спомен-обележјето на загинатите припадници на поранешната ЈНА.

Во воениот конфликт на просторот на поранешната СФРЈ загинаа 54 граѓани, кои потекнуваа од нашата држава, а настрадаа на просторите на поранешна Југославија за време на војната во 1991/1992 година и ги положија своите животи извршувајќи ги своите уставни и законски должности.

Фото: Влада

На настанот, кој е во организација на Здружението на воените инвалиди и загинатите од Македонија „91/92“, пред споменикот „Мајкино скршено крило“ положија цвеќе и членови на семејствата на воените инвалиди, членови на семејствата на загинатите од воениот конфликт при распадот на СФРЈ, како и делегации од кабинетот на претседателот на Македонија, од Министерството за одбрана и од државни институции.

Фото: Влада