Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и студено, во северните планински делови со провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој вo должината на Повардарието ќе се засилува, прогрнозија Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Од утре ќе преовладува студено и променливо облачно, повремено ветровито време. Засилен северен ветер ќе дува во вторник и ќе има краткотрајни врнежи претежно од снег, а од четврток врнежите од снег ќе бидат повремени и со умерен интензитет.