Фото: Пиксабеј

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 6 до 12 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат меѓу 20 и 26 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во делови од котлината попладне се можни краткотрајни врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 24 степени.

Според прогнозата, во следните денови ќе продолжи променливо облачно време со сончеви периоди и локален развој на нестабилна облачност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер.

Во сабота се очекуваат поинтензивни временски процеси, со можност за невреме, пообилен пороен дожд над 20 литри на метар квадратен, грмежи, силен ветер со брзина над 70 километри на час и услови за појава на град.

Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.