Фото: Макфакс

Справувањето со интензивниот хибриден напад го правиме заедно со нашите НАТО сојузници, граѓаните да се спокојни. Ваква е пораката по средбата на премиерот  Димитар Ковачевски и владината делегација со претставници на НАТО предводени од заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици, Џејмс Апатураи.

На состанокот стана збор за актуелните хибридни закани и напади со кои се соочува Македонија, како и другите земји членки на Алијансата. Констатитрано е дека се работи за малициозни обиди за внесување страв и немир кај граѓаните и поткопување на довербата и кредибилитетот во институциите.

Министрите имаа можност да разговараат со експертскиот тим на НАТО во насока на досега преземените мерки и активности со кои е обезбедена стабилноста и безбендоста на граѓаните и поради кои заедно со безбедносните служби ја ценат состојбата во земјата како целосно стабилна.

Се дискутираше и за поврзаноста на почетокот на воената агресија врз Укранина од страна на Русија и коинцидирањето на истата со интензивирањето со хибридните напади во региото и врз другите членки на НАТО.

Заменик-помошникот генерален секретар за нови безбедносни предизвици Апатураи, нагласи дека предизвиците со кои се соочува Македонија се предизвици за НАТО-членките и дека Владата ниту понатаму нема да се справува сама со хибридните закани, исто како што тоа не го правела ниту досега. НАТО ќе продолжи да споделува знаења и техничка поддршка за создавањето долгорочна отпорност.

Граѓаните се безбедни и безбедносната ситуација е стабилна. Се соочуваме со интензивен хибриден напад чија цел е да внесе вознемирување, страв, паника и хаос кај граѓаните. Ова го истакна секретарката на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница Даниела Илиоска. Таа рече дека заканите доаѓаат со разгорувањето на воената агресија на Русија врз Украина и тие се комбинација на странски и домашни актери.

– Ова е случај и во другите земји од регионот и на други НАТО членки. Сите земји од слободниот свет се соочуваат со зголемен интензитет на хибридни закани. Меѓународно соработуваме со сите партнерски безбедносни организации и институции, од првиот ден и првата закана. Денеска имаме на гости и експертски тим на НАТО кој е тука за да ја продлабочиме таа соработка – рече Илиоска.

Апатураи истана дека Македонија се справува со намерен, издржан и циничен хибриден напад.

– Имам пофалби за Владата на Северна Македонија за чекорите што ги презеде за одбрана и градење отпорност од овие сајбер и хибридни напади – изјави Апатураи.

Ковачевски се заблагодари на НАТО за целата поддршка која Македонија ја добива во борбата со новите безебдносни предизвици и за договорените следни чекори во зајакнување на сајбер безбедноста на државата.