Фото: МИА

Холандскиот амбасадор ги надмина своите овластувања и се меша во внатрешните работи на Македонија, оцени професорката Мирјана Најчевска коментирајќи ги острите ставови на холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп, кој вината за бавниот евроинтеграциски пат на Македонија ја лоцираше кај македонската власт.

Коп: Што правите вие, освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство во ЕУ

Најчевска преку Фејсбук упати свој коментар на изјавите на Коп.

„Прво, холандскиот амбасадор ги надминува своите овластувања и се меша во внатрешните работи на државата. Второ, во ниту еден момент не ја спомнува ДУИ како носител на континуитетот во криминалот и корупцијата. Трето, со пасивниот однос кон Бугарија и нивните бесмислени барања, заедно со другите амбасадори отвори простор за дефокусирање на вниманието на граѓаните од реформите и концентрација околу наметнати уставни промени“, напиша Најчевска.