Фото: МВР/Фејсбук

Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие привеле 23 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила, а кај 21 од нив било утврдено дека возеле без возачка дозвола. Меѓу санкционираните има и тројца малолетници, додека двајца возачи биле затекнати зад воланот под дејство на алкохол, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Најголем број од прекршителите биле откриени во Скопје, каде осум лица, меѓу кои и еден малолетник, управувале возила без возачка дозвола. Во Гостивар биле евидентирани четири такви случаи, од кои еден малолетник, додека по двајца возачи без дозвола биле откриени во Кичево.

По еден ваков случај бил регистриран во Тетово, Куманово, Кочани, Неготино, Валандово, Битола и Прилеп. Малолетен возач без дозвола бил затекнат и во Неготино.

Во однос на возењето под дејство на алкохол, полицијата привела по едно лице во Битола и Штип.

Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случаите против сторителите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Воедно, од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возила без положен возачки испит, со активна забрана за управување или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.