Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со специјалниот пратеник на Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеш.
На средбата, како што соопшти МНР, станало збор за регионалната динамика и состојбите во Западен Балкан, а била истакната и потребата од забрзување на евроинтегративните процеси, што е од интерес за поширокиот регион. Воедно, била реафирмирана силната поддршка од Словенија на патот кон ЕУ, како и континуираните заложби за регионална стабилност и просперитет.
– Во разговорите беше истакнато дека Словенија останува важен партнер, како за развивањето на капацитетите за остварување на надворешно-политичките приоритети, така и за спроведувањето на реформите, преку споделување на нивните искуства за унапредување на административните и законодавните капацитети на земјата – се наведува во соопштението од МНР.
Двете страни заеднички ги потврдиле одличните билатерални односи и успешната соработка меѓу двете пријателски земји, со посебен осврт на трговската размена и целокупните економски релации.