Министерството за образование и наука препорача во деновите кога училиштата ќе добијат заканувачка порака за поставена бомба, да организираат онлајн настава, наместо целосно да ја прекинуваат наставата тој ден.
Оваа препорака е со цел да не се губат часови.
-Учениците ќе треба за еден час, колку што им е потребно да се вратат во нивните домови, да се приклучат онлајн за да ја следат наставата – велат од МОН.
Оваа препорака е испратена од МОН до директорите училиштата кои изминативе месеци во континуитет добиваат лажни дојави за поставени бомби во нивните објекти.
Освен препораката за онлајн настава, во дописот биле посочени и начини за користење на електронските адреси и насоки за зајакнување на контролата за влез и излез во училиштата.