Како министерство за одбрана сме апсолутно подготвени да излеземе во пресрет за лекување на украинските војници, но треба да се има во предвид дека лекувањето е во надлежност на министерството за здравство, истакна денеска министерката за одрбрана, Славјанка Петровска која во Штип одоговараше на прашањето дали македонската Армија е подготвена да го прифати лекувањето на украинските војници.
– Имавме еден првичен разговор со министерот за здравство сега одиме понатму на интезивирање на преговорите, да ги одредиме точните капацитети и се разбира точниот начин, ако се појави евентуално потреба, бидејќи до овој момент не е пристигнато конкретно на барање за ваков тип на згрижување и лекување на украински војници и се разбира особено ќе внимаваме да излегувањето во пресрет на оваа барање, одговарањето, поддршката и помошта што ќе ја понудиме да не влијае на редовните процеси во јавното здравство – вели Петровска.
На министерката за одбрана, Петровска и е мило што штипјани позитивно ги оценуваат овие Отворени денови и презентацијата на капацитетите на Армија, бидејќи какошто вели ова ја потврдува и оценката за висока доверба на граѓаните кон Армијата.
– Ќе се обидеме во наредниот период, почесто да бидеме присутни, меѓутоа треба да се има предвид иако живееме во мирнодобски услови Армијата има обврска и постојано и во континуитет да ја одржува својата борбена готовност, дали ќе бидат тоа во рамките на касарните со одредени активности или заживување на одредени операции, или мисии на Криволак, најголемата тренинг зона – вели Петровска.