Фото: МИА

Генералниот директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани и претставникот на УСАИД, Фарук Сердаревич денеска потпишаа меморандум за соработка со што АД МЕПСО ја започнува постапката за набавка на нов SCADA/EMS систем (Supervisory Control And Data Acquisition/Energy Management System).

Од АД МЕПСО попладнево соопштија дека овој систем ќе го финансира од сопствени средства, а УСАИД ќе обезбеди грант за консултантски услуги.

-Препознавајќи ја важноста што АД МЕПСО ја има во обезбедувањето ефикасно и доверливо управување со електроенергетскиот систем на РС. Македонија, од исклучителна важност во овој процес е поддршката што ја дава УСАИД кој согласно потпишаниот Меморандум ќе обезбеди грант за консултантски услуги кои на АД МЕПСО ќе му помогнат во делот на подготовка на технички спецификации, тендерирање и целосна имплементација на новиот SCADA/EMS систем – се наведува во соопштението од АД МЕПСО.