Фото: Пиксабеј

Земјотрес со јачина од 6.4 степени според Рихтеровата скала го тресеше тлото на Турција. Според првичните информации, епицентар бил во областа Дефне, во Хатај,  во јужниот дел на земјата.

Оналјн сервисите покажуваат дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри. За ваков потрес имаше и предупредување во изминатите денови од светските сеизмолози.

Турската сеизмолошка служба соопшти дека во 20 часот и 7 минути се случил уште еден последователен потрес со јачина од 5,8 степени, чиј епицентар бил областа Самандаг, во Хатај.

Новинарката на Си-Ен-Ен Турк, Бусе Девирен со солзи го опиша земјотресот.

– Земјата ни се лизгаше од под нозете. Се тресевме неверојатно. Беше неверојатно голем земјотрес. Не беше како последователни потреси – рече таа.

ЕМСЦ известува дека земјотресот бил почувствуван во Турција, Либан, Сирија, Кипар и Израел.

Не се знае дали и овој земјотрес има предизвикано големи штети.

Досега, по разорниот земјотрес, имаше шест потерси над шест степени според Рихтеровата скала.