Фото: ОН / Х

Македонија беше меѓу земјите кои гласаа возржано за Резолуција со која се повикува на итно хуманитарно примирје во Појасот Газа, усвоена доцна синоќа во Генералното собрание на Обединетите нации.

Резолуцијата, предложена од Јордан, ги осудува сите акти на насилство врз палестинските и израелските цивили, вклучително и сите „терористички и неселективни напади“.
Резолуцијата на ОН со која се повикува на непречена помош и заштита на цивилите доби 120 гласа „за“, 14 „против“ и 45 „воздржани“.

Од нашиот регион, Словенија, БиХ и Црна Гора гласаа за резолуцијата, Хрватска беше против, додека Србија, Албанија, Македонија, Бугарија и Грција биле воздржани.

Од земјите членки на Европската Унија воздржано гласале и Германија, Италија, Холандија…

Против оваа резолуција од Европа гласаа Австрија, Чешка, Хрватска и Унгарија.

Одлуките на Генералното собрание не се правно обврзувачки, но имаат морална тежина.

Шефот на израелската дипломатија Ели Коен ја отфрли резолуцијата на Генералното собрание на Обединети нации со која се повикува на прекин на огнот во Појасот Газа и ја нарече одвратна.