Професорот Гордан Калајџиев и член на Комисијата за помилување вечерва на неговиот фејсбук профил информираше дека членови на Комисијата поднеле колективна оставка.
-Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на Комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи – стои во објвата на фејсбук профилот потпишана од Проф.др Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ, Др. Зора Митиќ, М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска Ајтен Шаќири.
Оставката следува по превирањата во јавноста за помилувања од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.