Фото: МИА/Илустрација

Претседателот на бугарското здружение во Струга, Бекир Кадриески е во стабилна состојба, не е во животна опасност, соопштија доцна синоќа од Военомедицинска академија болницата во Софија – БМА, пренесе бугарската БНТ.

Оттаму велат дека му биле направени сите потребни тестови и консултации за да се разјасни неговата состојба. Назначени се дополнителни високо специјализирани тестови за да се прецизира терапевтскиот план, додаваат од медицинската установа.

Тој вчера побара да биде лекуван во Софија, бидејќи во болницата во Струга не се грижеле многу за неговото здравје.

Тој беше нападнат на 13 јуни во Струга. Неговиот напаѓач почнал да го навредува и удира во стомакот.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вчера соопшти дека напаѓачот на Кадриески е идентификуван и приведен.