Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, на целата територија на државата, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциски контроли насочени кон возачите на лесни електрични возила, односно електрични тротинети, информираше Министерството за внатрешни работи.
При спроведените контроли, како што информираат, констатирани се вкупно 965 прекршоци сторени од возачи на електрични тротинети.
– Најголем број, односно 519 прекршоци, се однесуваат на непрописно движење, односно возење по површини наменети за пешаци, наместо по велосипедска патека или лента, согласно член 103-а став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 443, потоа СВР Струмица – 112, СВР Скопје – 90, СВР Тетово – 86, СВР Велес – 73, СВР Охрид – 59, СВР Куманово – 45 и СВР Штип – 18. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се дополнителни 39 прекршоци – велат од МВР.
За констатираните прекршоци преземени се соодветни мерки и санкции согласно законските прописи.
Од МВР велат дека продолжуваат со спроведување на засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.



































