Фото: М.М.

Во Клиничката болница во Битола се случи нова трагедија. Мајка на 24 годишна возраст го изгуби своето новородено бебе.

– Денеска сум во Битола по најновиот смртен случај за новороденче. Утре ќе испратиме од Државен здравствен санитарен инспекторат, составен од комисија од
инспектори кои ке ги утврдат причините за смртта на новороденчето. Станува збор за млада мајка на возраст од 24 години на која ова требаше да и биде прво дете. Бебето по породувањето било живо и според извештаите кои ги видовме било родено со тахикардија и имало белодробно срцево оживување. Тоа е се што во овој момент можам да кажам. За причините за смртта на новороднечето ќе можеме да кажеме поопширно откако комисијата ќе ги утврди причините за смртта – рече министерот за здравство, Фатмир Меџити, кој попладнево допатува во Битола.
М.М.