Фото: Архива

Три вооружени лица одземале пари од вработените по што испукале еден куршум при грабежот на банка во скопската населба Капиштец што се случил попладнево, пренесуваат медиумите повикувајќи се на информации од МВР. Нема повредени во инцидентот што бил пријавен во полициската станица Центар во 12.35 часот.

Дел од медиумите објавија дека по грабежот се претресуваат сите возила кои поминуваат на потегот меѓу Капиштец и Водно, во полициска акција на подрачјето на Центар.

Од МВР допрва се очекуваат повеќе детали за грабежот.