Фото: Принтскрин

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода 52-годишната Н.Л.С. од Скопје и М.Н. (41) од Штип, поради сомнение за нелегален ископ на предмети од културно наследство.

– На автопатот Скопје – Штип, кај клучка Југ – Свети Николе, при преглед на патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.С, во кое сопатник бил М.Н., биле пронајдени и одземени повеќе парчиња стари монети и други предмети за кои постои сомнение дека се предмети од културно наследство, како и два детектора за злато и неколку копачи – информираат денеска од МВР.