Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно утринава изби пожар.

Пожарот е изгаснат, се работи на расчистување на опожарената просторија, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески.

Интервенирано е со две возила и седум пожарникари. Во гаснењето на пожарот помогнале и вработени од „Паркови и зеленило“.