Фото: Архива

Скопјанка измамила луѓе за пари, со тоа што им ветувала станови, но откако ги земала парите ја снемувало.

Според информациите, 39-годишната Б.Д. од јануари до август годинава измамила две лица од Гостивар и едно од кумановско за вкупна сума од 9.700 евра.

Според пријавеното, таа им ветила дека за одредена сума може да им помогне да купат државни социјални станови, но откако ги земала парите набргу потоа ја прекинувала комуникацијата со нив.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.