фото: Пекселс

На улица „Караорман” во Битола, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола денеска го лишиле од слобода М.С. (26) од Битола.

Тој бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор  Куманово за доиздржување на казна затвор од скоро  една година, а бил осуден на казна затвор од седум години и два месеци.

Од МВР денеска информираа дека лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.