Фото: Архива/ЦУК

И покрај напорите на пожарникарите, пожарот кој вчера доцна попладне, избувна на територијата на Општина Чешиново – Облешево продолжи да гори низ висока сува трева, грмушки и деградирана шума, со зголемен интезитет, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Ер трактор на ДЗС и два полициски хеликоптери тргнаа да го гасат пожарот во Чешиново-Облешево

– Утрово пожарот се движеше во атарите на селата Врбица, Рајчани, Буниш и Турско Рударе а пред малку се прошири и на територијата на Општина Пробиштип движејки се во насока на квалитетна шума. За да се спречи влегување на пожарот во шума но и да се спречи загрозување на околните села, покрај пожарникарите од ТППЕ Кочани и Пробиштип еден Ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) полета кон пожарот а два полициски хеликоптери се подготвуваат за полетување – информираа од ЦУК.